Впишете го вашето прашање и препуштете ни го другото нам
Резултати од пребарувањето:
Epic Drama
Ендевор
Серија
02
Епизода
01

Распоред

 

Новости

06.11.2025 17:26:24
Сите големи и мали суштества
Секоја среда од среда 12. ноември во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
06.11.2025 17:26:24
Секоја среда од среда 12. ноември во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
07.10.2025 17:36:39
Секој вторник од вторник 14. октомври во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
17.09.2025 09:13:37
Секоја среда од среда 1. октомври во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
25.08.2025 12:29:32
Секој вторник од вторник 2. септември во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
18.07.2025 12:28:43
Секој понеделник од понеделник 4. август во 21:00...
Прочитај повеќе
26.06.2025 09:25:11
Секој вторник од вторник 8. јули во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
13.06.2025 11:37:50
Секоја недела од недела 22. јуни во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
28.05.2025 13:40:07
Цел ден секоја сабота во јуни
Прочитај повеќе
28.04.2025 10:00:29
Секоја среда од среда 7. мај во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
15.04.2025 11:43:57
Двојни епизоди секоја недела од недела 27. април в...
Прочитај повеќе
21.02.2025 12:06:03
Секој четврток од четврток 20. март во 21:00 ч.
Прочитај повеќе
Close
06.11.2025 17:26:24

Сите големи и мали суштества

Секоја среда од среда 12. ноември во 21:00 ч.

Крајот на Втората светска војна е на повидок. Ветеринарната ординација Скелдејл се соочува со финансиски потешкотии, додека истовремено продолжува да се грижи за разни животни, од кучиња-спасувачи до крави, кози и коњи. Зигфрид се обидува да ги среди своите љубовните односи коишто не наидуваат на одобрување кај локалните жители. Истовремено го поддржува Џејмс да ја модернизира работата со апарат за рендген. Тристан се враќа од војната и се справува со траума и вина на преживеан. Тој и Шарлот се вљубуваат. Џени се запишува на медицинско училиште во Лондон. Хелен ѝ го дава својот благослов, но тоа го прави неволно. Шестата сезона завршува со капитулацијата на Јапонија, односно крајот на Втората светска војна, со прослава на Божик и со враќањето на Дороти. Дали таа и Зигфрид ќе ја обноват својата романса?

Close
07.10.2025 17:36:39

Семејството Форсајт

Секој вторник од вторник 14. октомври во 21:00 ч.

Ги следиме животите, љубовите, борбите и успесите на едно богато семејство брокери во доцната викторијанска ера, растргнато меѓу традицијата, саможртвувањето, личната среќа и потрагата по љубов. Семејната стабилност се нарушува кога братучедите, но и ривали, Џолион и Соумс, доживуваат две случајни средби коишто целосно им го менуваат животот. Во животот на женетиот Џолион повторно се појавува неговата поранешна љубовница Луиза, слугинка којашто станала шивачка, а ќерка му Џун се вљубува во сиромашен архитект. Соумс, пак, е маѓепсан од убавата и слободоумна танчерка Ајрин.

Close
17.09.2025 09:13:37

Луд по книги

Секоја среда од среда 1. октомври во 21:00 ч.
Во Лондон од 1950-ите, Бук, ексцентричниот сопственик на книжарница и поранешен шпион, ѝ помага на полицијата да решава сложени случаи на убиства. Тој е во платонски брак, полн со љубов, со живата Троти, неговата другарка од детството. Иако е задоволен со тоа што го има, Бук тагува по изгубена љубов од времето на војната. Џек, млад поранешен затвореник, се вработува во книжарницата и е пречекан со топлина, но набргу почнува да се сомнева дека неговото вработување не било случајно. Како што се откриваат тајните, минатото и сегашноста можеби се поврзани повеќе отколку што се чини на прв поглед...
Close
25.08.2025 12:29:32

Семејството Хардејкер

Секој вторник од вторник 2. септември во 21:00 ч.

Ова е приказна за подем од сиромаштија до богатство и ги следи животите, љубовите и судбините на работничкото семејство Хардејкер во Јоркшир во 1890-ите. По незгода која ги остава без работа и пари, тие доаѓаат до радикална бизнис-идеја и наскоро стануваат побогати од што некогаш сонувале дека ќе станат. Кога се селат од валканиот рибарски док на огромен селски имот и влегуваат во светот на високата класа, се соочуваат со снобизам од страна на аристократијата и на слугите. Семејството согледува дека вистинската класа не е нешто што се наследува со раѓање, туку нешто што го носиш во себе...

Close
18.07.2025 12:28:43

Џејн Ер

Секој понеделник од понеделник 4. август во 21:00 ч.

Г-ѓа Рид, тетка ѝ на Џејн Ер, сираче, ја испраќа во интернатот Ловуд бидејќи е рамнодушна кон неа и не сака веќе да ја чува во својот дом, во којшто Џејн била малтретирана од братучедите и од тетка ѝ. Џејн останува во Ловуд до својата деветнаесетта година, а потоа добива работа во Торнфилд хол како гувернантка на Адел, девојче со француско потекло за коешто се грижи господарот Едвард Рочестер. Џејн дознава од домаќинката дека тој ретко е дома, но конечно успева да го запознае кога тој се враќа во Торнфилд. За првпат, Џејн чувствува дека припаѓа некаде и брзо го засакува Торнфилд, но тоа чувство е разнишано кога една ноќ се буди од чудни звуци во куќата. Следејќи ги звуците, таа открива дека во собата на Рочестер избувнал пожар.

Close
26.06.2025 09:25:11

Мунстоун

Секој вторник од вторник 8. јули во 21:00 ч.

Оваа костимирана драма е базирана на класичниот роман на Вилки Колинс, којшто, според многумина, се смета за првиот англиски детективски роман. Дејството е сместено во викторијанска Англија. Ја следиме Рејчел Вериндер којашто на својот 18. роденден наследува бесценет индиски дијамант, којшто исчезнува уште истата ноќ. Една година подоцна, нејзиниот братучед Френклин Блејк се враќа за да ја открие вистината и да ја докаже својата невиност. Додека гледаме како мистеријата се расплетува од повеќе аспекти, дознаваме и за многу тајни и скандали.

Close
13.06.2025 11:37:50

Жени во војна

Секоја недела од недела 22. јуни во 21:00 ч.

Франција, септември 1944 г. Војната беснее веќе неколку недели. Во мало село во источна Франција, на неколку километри од германската граница, неколку жени се затекнати среде ужас: Маргерит, париска проститутка, подеднакво мистериозна и впечатлива, за којашто се сомневаат дека е шпионка, Каролин, сопруга на Виктор Девит, сопственик на фабрика за автомобили, заминат на фронтот, којашто сега го води семејниот бизнис, голем и несомнен предизвик, Агнес, опатица на манастир пренаменет во воена болница, потресена од бројот на примени ранети лица, којашто сè повеќе се преиспитува за своите избори во животот и Сузан, млада медицинска сестра и феминистка во бегство по неуспешно изведен абортус.

Close
28.05.2025 13:40:07

Stunt: Криминалистички саботи

Цел ден секоја сабота во јуни

Придружете ни се во месец исполнет со возбудливи истраги и изопачени вистини со нашата неодолива понуда на криминалистички драми. Во последното поглавје на серијата „Ендевор", мрежа од тајни се заканува да го разниша Оксфорд, а „Далглиш" се враќа со вознемирувачки мистерии што ги испитуваат најмрачните аспекти на правдата. „Марпл од Агата Кристи" ја користи својата прониклива интуиција за решавање на тешки загатки во ситуации во коишто ништо не е така како што изгледа дека е. Променливиот свет му поставува нови предизвици на „Инспектор Џорџ Џентли", но правдата и понатаму е неговиот единствен компас. Од елегантни злосторства до сурови трилери, секое злосторство крие приказна, а секоја приказна заслужува да биде раскажана.

Close
28.04.2025 10:00:29

Клубот за убиства во Марлоу

Секоја среда од среда 7. мај во 21:00 ч.

Животот во идиличниот град Марлоу е речиси вратен во нормала по потресното тројно убиство во првата сезона. Не поминува долго пред пензионираниот археолог Џудит Потс, сопругата на свештеникот Бекс Старлинг и шетачката на кучиња Сузи Харис повторно да бидат повикани да решаваат нови злосторства коишто ги вознемируваат локалните жители. Нема одмор за нашето аматерско трио детективки додека се обидува да реши наизглед невозможно убиство во заклучена просторија, да истражи неочекувано брутална несреќа во едриличарскиот клуб и да ѝ помогне на главната инспекторка Таника Малик во истрагата.

Close
15.04.2025 11:43:57

Мистериите на Мердок

Двојни епизоди секоја недела од недела 27. април во 19:00 ч.

На почетокот на 18. сезона, детектив Мердок води живот сличен на ергенскиот, бидејќи докторката Огден прифатила позиција во нова болница во Лондон и ја зела со себе и нивната ќерка Сузана. Поради таа промена, тој а изнајмил семејната куќа и се преселил во пансион во  којшто се зборува дека претходниот станар бил убиен. И покрај долгоочекуваното унапредување во инспектор по назначувањето на Брекенрид за главен полициски началник, тој сфаќа дека решавањето на злосторства е она во што е најдобар и ја отстапува новата позиција. Во станицата пристигнува Алберт Чои, високо ценет корејски полицаец којшто го глуми Пол Сан-Хјунг Ли, обожавана ѕвезда на хит серијата „Продавницата на семејството Ким".

Close
21.02.2025 12:06:03

Госпоѓицата Скарлет

Секој четврток од четврток 20. март во 21:00 ч.

Елајза Скарлет и нејзината агенција повторно работат со полна пареа. Овој пат е многу успешна во професионална смисла, но во личниот живот веќе неколку месеци е без Војводата, којшто е во Њујорк, и треба да донесе тешка одлука. Во Скотланд јард пристигнува новиот инспектор Александар Блејк. Елајза мора да воспостави добар однос со него доколку сака и понатаму да има пристап до полициските ресурси. Сите тие промени и одлуки водат до едно прашање: Може ли Елајза Скарлет навистина да има сè?

Close